Емисии


Концептот на термоелектраната-топлана со комбиниран циклус ТЕ-ТО АД Скопје е поставен врз state-of-the art основа, односно на најмодерната технологија за производство на електрична и топлинска енергија во комбиниран циклус, со користење на природен гас како единствено гориво. При проектирањето и изградбата на електраната се имплементирани сите расположливи национални и меѓународни законски барања за животната средина.

Користењето на природениот гас како единствено гориво за производство на електрична и топлинска енергија придонесува за значително намалување на емисиите загадувачки материи во воздухот: емисиите на SO2 се елиминирани, додека емисиите на CO2 се значително намалени во споредба со конвенционалните термоелектрани на јаглен. Гасната турбина вклучува најнова технологија на EV (еколошки) горилници кои се дизајнирани да обезбедат висока ефикасност на горивото и ниски емисии на азотни оксиди (NOx). Емисиите на PM честички и прашина се елиминирани.

Сите отпадни води и од електраната се собираат и се третираат во пречистителна станица со што се минимизира влијанието врз животната средина и се задоволуваат еколошките барања за квалитет на отпадните води. На овој начин се осигурува дека емисиите на отадни води во реципиентот ги задоволуваат строгите национални законски гранични вредности на емисија.

Користењето на ладилни кули од хибриден тип наместо конвенционални ладилни кули е еколошки поповолно бидејќи се намалува употребата на вода за ладење и се елиминира појавата на магла која би се добила со испарување на вода за ладење од конвенционални ладилни кули.

Управувањето со отпадот се одвива согласно барањата од соодветната законска регулатива. Компанијата поседува лиценциран Управител со отпад.

ТЕ-ТО АД е одличен пример за применета еколошка технологија, при што придонесува за издржлив развој и привлекување на дополнителни странски инвестиции во енергетскиот сектор во Република Македонија.