Основна дејност


Друштвото за производство на електрична енергија и топлина ТЕ-ТО АД Скопје е претпријатие чија основна дејност е когенеративно производство на електрична и топлинска енергија во таканаречен комбиниран циклус.

На 24ти февруари 2012 започна комерцијалната работа на постројката. Постројката е лоцирана во близина на центарот на градот Скопје, веднаш до БЕГ Топлана Исток.

Средниот годишен капацитет на постројката е 220 MW за производство на електрична енергија и 160 MW за производство на топлинска енергија.

ТЕ-ТО АД Скопје е независен производител на енергија (IPP) кој го снабдува со електрична енергија пазарот во Македонија и во регионалниот, но учествува и на меѓународни пазари.

Топлината која се генерира во рамките на производниот процес на постројката се предава на градскиот топлински дистрибутивен систем.