Политика за квалитет


Со воведувањето на системот за управување со квалитет ISO 9001:2015, ТЕ-ТО АД со својот високостручен, професионален и посветен кадар се обврзува дека ќе продолжи:

  • да обезбедува безбедно и сигурно оперирање на термоелектраната-топлана, успешно управувајќи со ризиците во сите процеси;
  • да обезбедува соодветни ресурси и техничка поддршка за имплементација на ефикасен систем за управување со квалитет;
  • да се стреми кон континуиран развој и усовршување на процесите и услугите со цел оптимизација на профитот и континуиран напредок;
  • да ги исполнува барањата на клиентите во врска со обезбедување на договорените количини на електрична и топлинска енергија;
  • да го менаџира своето работење преку прилагодување на условите на пазарот, со цел зголемено учество на истиот;
  • да осигурува оптимално работење со минимум специфична потрошувачка на примарна енергија и минимум сопствената потрошувачка на електрична и топлинска енергија;
  • да развива и спроведува стратегии и мерки за продолжување на животниот век на опремата со постигнување на оптимални економски ефекти за подобрување на енергетската ефикасност;
  • да работи на минимизирање на влијанијата врз животната средина од своето оперативно работење, како и континуирано да ги следи емисиите на штетни материи во атмосферата, отпадните води, бучавата од работењето на термоелектраната-топлана, и да управува со генерираниот отпад согласно законските барања;
  • да обезбедува оптимално користење на финансиски средства од една, и намалување на сите видови на трошоци од друга страна;
  • да обезбедува постојано усовршување и развој на тимската работа, како и мотивирање на вработените за активен придонес во унапредувањето на системот за квалитет и инвестирање во нивно надградување и усовршување преку постојани обуки и присуство на семинари;
  • системски да ја подигa свеста за системот за управување со квалитет кај подизведувачите и трети лица, во однос на аспектите на управување со енергијата и животната средина, како и проценка на ризикот за безбедноста и здравјето на луѓето и заштита на информациите;
  • да ги исполнува барањата на важечката законска регулатива во Република Македонија, договорните барања, барањата на локалната заедница и другите барања;
  • навремено да обезбедува информации до заинтересираните страни.

Одржувањето на квалитетот е обврска на раководството, на менаџерот за квалитет, како и обврзен дел во работата на сите вработени. Секој вработен во компанијата е запознаен со политиката за квалитет, ја има прифатено и ја почитува како трајно начело во сопственото работење.

 

   Датум:                                                                                                                                                              Претседател на УО

13.10.2017                                                                                                                                                              Вадим Михаилов