ТЕ-ТО ГАС ТРЕЈД ДООЕЛ Скопје


На ден 05.03.2012 година основано е Друштвото за производство, промет и услуги ТЕ-ТО ГАС ТРЕЈД ДООЕЛ Скопје, кое е во целосна сопственост на ТЕ-ТО АД.

На барање на ТЕ-ТО ГАС ТРЕЈД ДООЕЛ Скопје, на ден 31.07.2012 година, Регулаторната комисија за енергетика издаде лиценца за вршење на енергетската дејност трговија со природен гас. Оваа лиценца стапи во сила на 06.08.2012 година и објавена е во Службен Весник на Република Македонија број 100/12.

Со добивањето на лиценцата за вршење на енергетската дејност трговија со природен гас, ТЕ-ТО ГАС ТРЕЈД ДООЕЛ Скопје има право да купува природен гас заради негова натамошна продажба на купувачи, односно на други трговци, снабдувачи, призводители на електрична и/или топлинска енергија, операторите на системите за пренос и дистрибуција на природен гас или на купувачи од странство.

Енергетската дејност трговија со природен гас ТЕ-ТО ГАС ТРЕЈД ДООЕЛ Скопје, може да ја врши на целата територија на Република Македонија.

Лиценцата за вршење на енергетската дејност трговија со природен гас важи 10 години, односно до 31 јули 2021 година.