ТЕ-ТО ТРЕJД ДООЕЛ Скопје


На ден 05.03.2012 година основано е Друштвото за производство, промет и услуги ТЕ-ТО ТРЕJД ДООЕЛ Скопје, кое е во целосна сопственост на ТЕ-ТО АД.

На барање на ТЕ-ТО ТРЕJД ДООЕЛ Скопје, на ден 30.07.2012 година, Регулаторната комисија за енергетика издаде лиценца за вршење на енергетската дејност трговија со електрична енергија. Оваа лиценца стапи во сила на 31.07.2012 година и објавена е во Службен Весник на Република Македонија број 97/12.

Со добивањето на лиценцата за вршење на енергетската дејност трговија со електрична енергија, ТЕ-ТО ТРЕЈД ДООЕЛ Скопје има право да купува електрична енергија од земјата и странство, заради продажба на други трговци, снабдувачи, операторот на електропреносниот систем и операторите на дистрибутивните системи како и продажба на купувачи во странство согласно член 81 од Законот за енергетика. Исто така ТЕ-ТО ТРЕJД ДООЕЛ Скопје може да продава електрична енергија и на потрошувачи кои ги исполнуваат условите за самостојно учество на пазарот на електрична енергија утврдени во пазарните правила.

Енергетската дејност трговија со електрична енергија ТЕ-ТО ТРЕJД ДООЕЛ Скопје, може да ја врши на целата територија на Република Македонија и во странство.

Лиценцата за вршење на енергетската дејност трговија со електрична енергија важи 10 години, односно до 31 јули 2022 година.