Во периодот април-мај 2021 година, согласно точката 9.1.3. од Програмата за подобрување од А-ИСКЗ дозволата, ТЕ-ТО АД Скопје изврши замена на постоечките стандардни EnVironmental (EV) горилници со нискоемисиони EV-Alpha горилници. EV-Alpha горилниците се произведени од реноминариот производител GE Power и претставуваат надградба на еколошките горилници EnVironmental (EV) со користење на најновата технологија на согорување. На тој начин се врши значително намалување на емисиите на азотни оксиди и јаглероден моноксид. Иако постоечките горилници ги исполнуваа националните регулативи за емисии, ТЕ-ТО АД Скопје, како општествено одговорна компанија ја реализираше оваа инвестиција со цел:
– намалување на емисиите на азотни оксиди (NOx) за дополнителни 35-40% во однос на концентрациите гарантирани со постоечките горилници и 3-4 пати под граничните вредности согласно А-интегрираната еколошка дозвола,
– намалување на емисиите на јаглероден моноксид (CO) далеку под граничните вредности согласно А-интегрираната еколошка дозвола,
– зголемување на стабилноста на согорувањето.
Со инвестицијата се заменети сите 72 горилници на гасната турбина.
Намалените концентрации на мониторираните параметри NOx и CO континуирано се потврдуваат преку мерењата од сопствениот систем за мониторинг на емисии на ТЕ-ТО АД Скопје, како и од страна на надворешна акредитирана лабораторија.