Во 2022 година е започната иницијатива за инсталирање на фотоволтаични панели на кровните конструкции во електраната. Кон крајот на 2022 година се пристапи кон монтажа на фотоволтаична централа, како пилот проект, на покривот на халата на парната турбина.
Фотоволтаичната централа се состои од 88 панели од по 550W со вкупна максимална моќност од 48 кWp и трифазен инвертор со моќност од 40 kW.

Фотоволтаичната централа е приклучена на собирница за сопствена потрошувачка и се користи за потребите на електраната. Пуштањето во работа беше извршено во планираниот застој во Мај 2023 година.
Линк кон web страна со дополнителни информации: