Со воведувањето на интегриран менаџмент систем (ИМС) кој ги опфаќа системите ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, ISO 27001:2022 и ISO 45001:2015, ТЕ-ТО АД со својот високостручен, професионален и посветен кадар се обврзува дека ќе продолжи :
- да обезбедува безбедно, сигурно и ефикасно оперирање на термоелектраната-топлана, успешно управувајќи со ризиците во сите процеси;
- да се стреми кон континуиран развој и усовршување на процесите и услугите со цел обезбедување максимален бенефит за акционерите и компанијата;
- да обезбедува соодветни ресурси и техничка поддршка за имплементација на ефикасен ИМС;
- да ги исполнува барањата на клиентите во врска со обезбедување на договорените количини на електрична енергија, топлинска енергија и системски услуги;
- да го менаџира своето работење преку прилагодување на условите на пазарот, со цел зголемено учество на истиот;
- да работи на минимизирање на влијанијата врз животната средина од своето оперативно работење, како и континуирано да ги следи емисиите на штетни материи во атмосферата, отпадните води и бучавата и да управува со генерираниот отпад согласно законските барања;
- да обезбедува оптимално користење на финансиски средства и континуирана ликвидност на компанијата;
- да обезбедува постојано усовршување и развој на тимската работа, како и мотивирање на вработените за активен придонес во унапредувањето на ИМС и инвестирање во нивно надградување и усовршување преку постојани обуки и присуство на семинари;
- да обезбедува воспоставување, одржување и усовршување на систем за управување со безбедност на информации, преку:
– дефинирање на посебни контролни мерки насочени кон намалување на ризиците во однос на безбедност на информациите;
– воспоставување на систем за управување со инциденти во врска со безбедност на информациите;
– постојано подобрување на процесите и активностите насочени кон безбедноста на информациите;
- системски да ја подига свеста за ИМС кај подизведувачите и трети лица, во однос на аспектите на управување со енергијата и животната средина, безбедноста и здравјето на луѓето, сајбер безбедноста и безбедноста на информациите;
- да ги исполнува договорните барања, барањата на локалната заедница и заинтересирани страни, исполнувајќи ги барањата на важечката законска регулатива и стандардите за управување со квалитет, животна средина, безбедност и здравје при работа и сајбер безбедност;
- навремено да обезбедува информации до заинтересираните страни.
Одржувањето на ИМС е обврска на раководството, на одговорното лице за ИМС, како и обврзен дел во работата на сите вработени. Секој вработен во компанијата е запознаен со политиката за ИМС, ја има прифатено и ја почитува како трајно начело во сопственото работење.
Интегриран Менаџмент Систем (ИМС)
Во номеври 2023 година, ТЕ-ТО АД Скопје воведе Интегриранот Менаџмент Систем (ИМС) кој ги опфати следните меѓународни стандарди за кои поседува Сертификати од Quality Austria:
ISO 9001:2015
За првпат овој стандард ТЕ-ТО АД Скопје го воведе во 2017 година, а во номеври 2023 година успешно го заврши процесот на ресертификација на Системот за управување со квалитет, согласно барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2015

ISO 14001:2015
Овој стандард ТЕ-ТО АД Скопје го воведе во ноември 2023 година со што успешно го заврши процесот на сертификација на Системот за менаџмент на животна средина, согласно барањата на меѓународниот стандард ISO 14001:2015.

ISO 45001:2018
Овој стандард ТЕ-ТО АД Скопје го воведе во ноември 2023 година со што успешно го заврши процесот на сертификација на Системот за менаџмент со здравје и безбедност при работа, согласно барањата на меѓународниот стандард ISO 45001:2018.

ISO 27001:2022
Овој стандард ТЕ-ТО АД Скопје го воведе во јануари 2025 година со што успешно го заврши процесот на сертификација на Системот за управување со безбедност на информации, согласно барањата на меѓународниот стандард ISO 27001:2022.
