Промена на резервоарот за сулфурна киселина


Во комбинираната и когенеративна термоелектрана ТЕ-ТО за одржување на pH вредноста на водата од главниот разладен систем се користи целосно автоматизиран систем за дозирање на сулфурна киселина на американската компанија Налко.
Резервоарот за сулфурна киселина привично беше пластичен т.е. од поливинил хлорид материјал и ТЕ-ТО не поседуваше соодветен сертификат за цврстината на материјалот. Вообичаено резервоарот се полнеше само до 50 % од неговиот капацитет за да се спречат евентуални деформации на истиот. Ова соодветствуваше со околу 5 тони H2SO4 што беше доволно за работа на електраната само за 5 дена. Поради тоа резервоарот се дополнуваше еднаш до двапати неделно од помошен резервоар со помош на специјална пневматска пумпа (Слика 1). Ова честа операција претставуваше голем ризик како за операторите што ја извршуваа така и за околината т.е. беше безбедносен и еколошки потенцијален проблем.

image1
Слика 1

Затоа за време на застојот во 2015 година, а како дел од инвестициската програма на ТЕ-ТО АД постојниот пластичен резервоар беше заменет со челичен со поголем капацитет и обложен со специјален материјал отпорен на 96-98% сулфурна киселина. Проектот беше изведен од македонската компанија Монтинг на основа на Клуч на рака.

image2
Слика 2

Имплементирањето на овој проект за промена на резервоарот за сулфурна киселина придонесе за повеќекратни придобивки и тоа:

  • Многу подобрени безбедносните услови за работа на вработените со тоа што новиот резервоар се полни директно од камион-цистерна користејќи го неговиот целосен капацитет од 22 тони што е пак доволно за работа на електраната од два месеци;
  • Намалена можноста за загуби и истекувања и тоа:
    • Можноста за загадување и еколошко влијание;
    • Можноста за загуби поради корективни мерки;
    • Можноста за тужба и парична казна.
  • Намалени трошоци за оперирање и одржување.