Визија, мисија и остварени резултати


Визија

Визијата на ТЕ-ТО АД Скопје е да остане сигурен, доверлив, безбеден, компетитивен и еколошки прифатлив извор на електрична енергија и топлина, кој брзо и професионално се прилагодува на условите на пазарот и строгите барања на клиентите и општествената заедница за почиста животна средина.

Постојаните заложби за квалитет, подобрување на нивото на професионален однос, компетентност и перформанси на вработените преку нивна континуирана едукација и обука  како и имплементирање на енергетско-ефикасни решенија ќе придонесат за повисоко позиционирање на ТЕ-ТО АД Скопје на енергетскиот пазар.

Мисија

Мисијата на ТЕ-ТО АД Скопје е да обезбеди квалитетна енергија за клиентите, произведена во високо-ефикасна енергетска постројка, еколошки пријателска кон животната средина, на начин на кој придонесува кон севкупен одржлив развој. Задоволството на клиентите, акционерите и деловните партнери е индикатор за развивањето на компанијата во вистински правец, со професионалност и посветеност на вработените.

Мисија на ТЕ-ТО АД Скопје е да го одржи и подобри процесот на производство на електрична енергија и топлина, како и континуирано да придонесува за одржување на стабилен енергетски систем на Република Македонија.

Дополнително, земајќи во предвид дека Компанијата постои за корисниците, зголемувањето на доверба кај корисниците е од највисок приоритет и важност за Компанијата. Професионалноста, квалитетот и ефикасноста во исполнувањето на обврските резултираат во задоволни корисници. Во таа насока е и мисијата на компанијата, одговорно да продолжи со постојано унапредување на производниот систем за електрична енергија и топлина, со цел да обезбеди доверлив, енергетски ефикасен и високо еколошки прифатлив извор на енергија за корисниците.

Остварени резултати

Остварените резулати дадени во продолжение коренспондираат со визијата на компанијаата, согласно која се остварува и мисијата.

Фокусот на компанијата во поглед на трговија со ЕЕ е ставен кон континуирано ширење на мрежата на трговски партнери. Вкупната листа на трговски партнери на ТЕ-ТО АД Скопје засега брои 30тина компании, вклучувајќи ги и најголемите трговски компании во Европа. Притоа, акцентот е ставен на одржување на одличните контакти на ТЕ-ТО АД Скопје со сите свои партнери.
ТЕ-ТО АД Скопје е модерна компанија која ги применува сите пазарни продукти, достапни на пазарот, вклучително купување/продажба на електрична енергија на ниво неколку квартали однапред, па се до интрадај ниво. Покрај тоа, компанијата е активна и на државниот пазарот на системски услуги .
ТЕ-ТО АД Скопје е една од ретките компании во Македонија која користи финансиски инструменти за хеџирање на ризиците. На овој начин компанијата соработува со меѓународни компании од светско реноме.

Техничките и технолошките карактеристики на постројката можат да обезбедат “Расположливост” на електраната над 90%, доколку состојбата на пазарот на електрична енергија е поволна

Индикаторот “Непланирана недостапност” кој е индикатор на испади на опремата и инциденти во текот на работењето е со проектна вредност помала од 1% и е во опаѓaње во последните две години што се должи на инвестирање во поквалитетна резервна опрема и навремено и ефикасно реагирање на обучениот персонал на компанијата.

Индикаторот “доверливост при стартување” е со проектирана вредност над 98%, но во последните 3 со оптимизирање на профилот  на стратување се постигнуваат вредности од 100%.

Индикаторот “Дебаланс”, кој преставува отстапување на произведената електрична енергија од номинираната, укажува на ефикасното планирање на дневното производство на електрична и топлинска енергија. Овој фактор е во постојана тенденција на подобрување низ годините и е значително под проектираната вредност, односно под 1%.

За подобро мониторирање на перформансите на одделот Производство во 2023 година беа дефинирани нови индикатори кои ќе се пратат на годишно ниво. Тоа се индикаторите испади на парна турбина (ST Trip)- таргет под 1, испади на гасна турбина (GT Trip) – таргет под 1, време на заштитно растеретување на моќноста (PLS/PLST)-таргет под 120 секунди.

Табелата во прилог ги дава вредностите на овие индикатори во последните 3 години односно од 2023-та до 2025-та година.

Овие индикатори се воведоа бидејќи се забележа тренд од зголемен број испади во текот на 2023-та година – испади на парна турбина – 5, испади на гасна турбина – 5, време на заштитно растеретување на моќноста – 148,5 s.

Анализата на причините покажува дека најголем број од испадите во 2023-та се предизвикани од  надворешни фактори, односно по 3 испади на парната и на гасната турбина и 28 секунди време на заштитно растеретување на моќноста.

Во 2024  се забележуваат 0 испади кај парната турбина , 2 испади кај гасната турбина (предизвикани од проблеми со опремата). Вкупното време на заштитно растеретување на моќноста е 259 секунди, двапати повеќе од таргетот од 120 секунди, од кои 130 секунди се предизвикани од надворешни фактори.

Испадите на парната турбина во 2025-та повторно се над таргетираната вредност, при што едното исклучување е направено од страна на оператор поради технички причини по завршениот ремонт, а другото исклучување е предизвикано од надворешни фактори. Другите два индикатори за доверливост на работењето ја задоволуваат таргетираната вредност.