ТЕ-ТО АД Скопје е најголемата приватна инвестиција во енергетскиот сектор во Република Северна Македонија и како таква е единствена до денес.
Договорот беше потпишан во 2007 година, додека инвестицијата беше подржана од Landesbank Берлин (LBB). Финасиската конструкција за електраната ја освои меѓународната наградата за Договор на годината за 2007 година од Trade Finance. Финансиска поддршка во вредност од 167 милиони евра беше подигната за изградба на когенеративната електрана за производство на електрична и топлинска енергија т.н. “чиста енергија” во градот Скопје.
Планот за реализација на проектот ТЕ-ТО, беше поттикнат од недостатокот на електрична енергија во Република Северна Македонија, при што се зема во предвид значителната улога на постројката во обезбедувањето на стабилност и економскиот раст не само во земјата, туку и во регионот. Следењето на светските трендови во обезбедувањето на енергија и се поголемото насочување кон користењето на обновливите извори на електрична енергија, секако го става овој проект на мапата на пожелни и одржливи проекти, а со тоа се овозможува планирање и се отвораат можности за реализација на нови слични проекти или прилагодување на веќе постоечки.