Со воведувањето на системот за управување со квалитет ISO 9001:2015, ТЕ-ТО АД со својот високостручен, професионален и посветен кадар се обврзува дека ќе продолжи:
- да обезбедува безбедно и сигурно оперирање на термоелектраната-топлана, успешно управувајќи со ризиците во сите процеси;
- да обезбедува соодветни ресурси и техничка поддршка за имплементација на ефикасен систем за управување со квалитет;
- да се стреми кон континуиран развој и усовршување на процесите и услугите со цел оптимизација на профитот и континуиран напредок;
- да ги исполнува барањата на клиентите во врска со обезбедување на договорените количини на електрична и топлинска енергија;
- да го менаџира своето работење преку прилагодување на условите на пазарот, со цел зголемено учество на истиот;
- да осигурува оптимално работење со минимум специфична потрошувачка на примарна енергија и минимум сопствената потрошувачка на електрична и топлинска енергија;
- да развива и спроведува стратегии и мерки за продолжување на животниот век на опремата со постигнување на оптимални економски ефекти за подобрување на енергетската ефикасност;
- да работи на минимизирање на влијанијата врз животната средина од своето оперативно работење, како и континуирано да ги следи емисиите на штетни материи во атмосферата, отпадните води, бучавата од работењето на термоелектраната-топлана, и да управува со генерираниот отпад согласно законските барања;
- да обезбедува оптимално користење на финансиски средства од една, и намалување на сите видови на трошоци од друга страна;
- да обезбедува постојано усовршување и развој на тимската работа, како и мотивирање на вработените за активен придонес во унапредувањето на системот за квалитет и инвестирање во нивно надградување и усовршување преку постојани обуки и присуство на семинари;
- системски да ја подигa свеста за системот за управување со квалитет кај подизведувачите и трети лица, во однос на аспектите на управување со енергијата и животната средина, како и проценка на ризикот за безбедноста и здравјето на луѓето и заштита на информациите;
- да ги исполнува барањата на важечката законска регулатива во Република Северна Македонија, договорните барања, барањата на локалната заедница и другите барања;
- навремено да обезбедува информации до заинтересираните страни.
Одржувањето на квалитетот е обврска на раководството, на менаџерот за квалитет, како и обврзен дел во работата на сите вработени. Секој вработен во компанијата е запознаен со политиката за квалитет, ја има прифатено и ја почитува како трајно начело во сопственото работење.
Сертификат ISO 9001:2015
Во декември 2020 година ТЕ-ТО АД Скопје успешно го заврши процесот на ресертификација на Системот за управување со квалитет, согласно барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2015. На тој начин, од страна на сертификационото тело Quality – Austria, продолжена е важноста на меѓународниот Сертификат ISO 9001:2015 кој го поседува компанијата од декември 2017 година.