ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ



ТЕ-ТО АД посветува големо внимание на заштитата на Вашите лични податоци како кандидати за вработување, во секој сегмент на деловните процеси преку имплементација на стандардите утврдени со прописите за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија и интерните акти на друштвото за регулирање на оваа област.

Ве информираме дека ТЕ-ТО АД, како Контролор на лични податоци целосно ги почитува начелата за обработка на Вашите лични податоци. Во оваа информација, подетално Ве информираме кои се Вашите права од аспект на заштита на личните податоци.

 Кои се правните основи за обработка на Вашите лични податоци?

Вашите лични податоци ги обработуваме за да избереме соодветен кандидат кој би ја пополнил отворената работна позиција. Вашите лични податоци ги обработуваме како преддоговорна активност, за да се утврди дали ќе се склучи договор за вработување со Вас, при што правниот основ на обработката е избор на соодветен кандидат и склучување на договор со избраниот кандидат. Правен основ за обработка на Вашите лични податоци може да биде и првземање на активности на Ваше барање пред евентуално пристапување кон договорот.

Воедно, потребна е Ваша согласност за чување на Вашите лични податоци во нашата база на кандидати за вработување, со цел истите да се разгледаат и да бидете контактирани за идни работни места, а во случај ако не сме во можност да Ви понудиме соодветно работно место во дадениот момент. Согласноста може да ја повлечете во кое било време.

За која цел ги обработуваме Вашите лични податоци?

Обработката на Вашите лични податоци се врши заради организирање на процесот на селекција на кандидати за идни вработувања согласно горенаведените правни основи.

 Кој има пристап до Вашите лични податоци?

Во текот на целиот процес, пристап до Вашите лични податоци имаат само оние вработени лица во ТЕ-ТО АД кои се овластени да пристапуваат до Вашите лични податоци, но само до степен потребен за извршување на работните задачи.

Кои категории на лични податоци ги обработуваме за Вас?

ТЕ-ТО АД ги собира личните податоци кои се определени со закон, притоа целосно го почитува принципот на минимален обем на податоци и ги собира само оние податоци што се неопходни, релевантни и ограничени на целите за кои се обработуваат.

За кандидатите за вработување ги обработуваме следните категории на лични податоци

  • Име и презиме, контакт податоци (е-адреса/телефон) и податоците кои Вие ни ги откривате во професионалната биографија (CV) и во писмото за интерес (при регрутација и во тек на процесот).

Како ги чуваме Вашите лични податоци?

Секое лице кое има пристап до Вашите лични податоци, без разлика дали е овластено или неовластено вработено лице во ТЕ-ТО АД, е обврзано да ја заштитува тајноста на податоците и да постапува според упатствата на ТЕ-ТО АД во согласност со важечките законски прописи за заштита на личните податоци. ТЕ-ТО АД  презема соодветни технички и организациски мерки за да обезбеди ниво на безбедност соодветно на ризикот, особено ризиците кои се поврзани со обработката, како и особено од случајно или незаконско уништување, губење, менување, неовластено откривање на личните податоци или неовластен пристап до пренесените, зачуваните или на друг начин обработени лични податоци.

 Колку долго ги чуваме Вашите податоци?

Вашите лични податоци ги чуваме во рокови пропишани со закон и со нашите интерни акти, онолку колку што е потребно за да се исполнат сите горенаведени цели. Вашите лични податоци нема да бидат зачувани во форма што дозволува да бидете идентификувани подолго отколку што е потребно за да се постигне целта за која се собрани или обработувани.

  • Податоците на кандидатите за вработување се чуваат во рок од 5 дена по склучување на Договор за вработување со избраниот кандидат и 6 месеци за оние кандидати за работа кои ја дале својата согласност нивните податоци да бидат чувани од страна на ТЕ-ТО АД за потреби на идни вработувања.

Кои се Вашите права?

Под одредени услови утврдени со закон, имате право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката, како и право на повлекување на согласноста. Овие Ваши права произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци. За остварување на Вашите права, како и за прашања во врска со обработката на Вашите лични податоци, упатете барање до офицерот за заштита на лични податоци.

Контакт податоци на офицерот:

Офицер за заштита на лични податоци

Име/презиме Мери Ристанчевска Павловска

Контакт телефон 078 405 026

Е-меил адреса mpavlovska@te-to.com.mk

Доколку сметате дека со обработката на Вашите лични податоци се прекршени одредбите на Законот за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање пред Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.