Со оваа Изјава за приватност се објавува видот на личните податоци што Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје (во натамошниот текст Контролорот) ги собира од Вас при посета на службените/деловните простории и како Контролорот ги користи овие податоци.
- Зошто собираме (обработуваме) лични податоци?
Контролорот собира лични податоци преку системот за видео надзор од следните причини (цели):
- Контрола на пристап до објектот и обезбедување на сигурност на објектот, безбедност на вработените кај Контролорот и посетителите, како и на имотот и информациите кои се лоцирани или се чуваат во просториите,
- За да се спречи, одврати и доколку е потребно да се испита неовластен физички пристап, вклучително и неовластен пристап до безбедносните и заштитени простории, ИТ инфраструктура или оперативни информации, и
- Да се спречи, открие и да се испита кражба на опремата или средства во сопственост на Контролорот, како и друго штетно дејство врз имотот и сопственоста на Контролорот, посетителите или вработените или закани по безбедноста на лицата кои работат во просториите и посетителите ( на пример: пожар, физички напад и тн.)
Системот за видеонадзор не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивното присуство. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. Камерите имаат за цел да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места, но не и да се препознаат лица.
Системот за видеонадзор не се користи како истражна алатка или за да се добијат докази при внатрешни истраги или дисциплински постапки, освен ако не е во прашање безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видеонадзорот согласно Законот за заштита на личните податоци.
Во исклучителни околности, податоците може да бидат пренесени до истражните органи во рамките на формална дисциплинска или кривична истрага.
Камерите за видеонадзор се инсталираат на објектот и тоа (неговиот влез – Пријавница и задниот службен влез на друштвото), по должина на објектот (периметарот), 2 работни простории ( магацин и работилница), Гасната и парната турбина и ИТ систем салата, како и се поставени и фокусирани така што снимаат само лица кои ќе пристапат до службените простории, вклучително и имотот (паркингот) на Контролорот.
Начинот на кој се врши видеонадзорот е подетално регулиран со интерен акт на Контролорот – Правилник за начинот на вршење на видеонадзор на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје. Овој Правилник е изработен согласно Законот за заштита на личните податоци и релевантните подзаконски акти донесени врз основа на овој Закон.
- Какви податоци собира контролорот
Контролорот собира само слики, односно визуелни записи од камерите, при што не се врши тонско снимање.
- Кој е одговорен за обработка на податоците?
Контролорот е субјект кој ја врши обработката на личните податоци и коj ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
Лицето Тони Ѓуровски, ИТ инженер, е лице за контакт и одговорно за видеонадзорот.
- Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за видеонадзор?
Контролорот користи опрема за видеонадзор за следните цели:
- Заштита на животот и здравјето на луѓето,
- Заштита на животот и здравјето на вработените/посетителите поради природата на работата,
- Обезбедување на контрола над влезот и излезот од службените/деловните простории на Контролорот, и
- Заштита на сопственоста на Контролорот.
Од тие причини обработката на податоците е законска согласно член 90 од Законот за заштита на личните податоци.
Покрај тоа, на влезот на објектот и работните простории (магацин и работилница) има видливо и јасно истакнато известување за видеонадзорот, кое им овозможува на субјектите на личните податоци да се запознаат со вршењето на видеонадзорот, како и за називот на Контролорот кој го врши видеонадзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видеонадзорот.
- Кој може да ги види моите лични податоци
До видео записите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видеонадзорот во строго пропишана интерна постапка. Пристапот до видеонадзорот е ограничен, заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците (лозинка, запис на секој настан или дејствие од вработените, односно овластените лица кај Контролорот). До податоците, односно видео записите не може да се пристапи без овластување од страна на Контролорот.
- Како да ги контролирате Вашите податоци?
Секој субјект на лични податоци има право да поднесе Барање за остварување на правата согласно Законот за заштита на личните податоци.
Доколку имате било какво прашање во врска со обработка на Вашите лични податоци преку системот на видеонадзор, може да испратите Барање до Контролорот на адреса: Тодор Александров бр.8, Скопје или на е-маил адреса mpavlovska@te-to.com.mk.
- Можам ли да пристапам до моите податоци?
Вие имате право да побарате потврда дали се обработуваат Вашите лични податоци, како и да пристапите до Вашите податоци во секое време и бесплатно со испраќање на барање на е- маил адреса: mpavlovska@te-to.com.mk.
- Можам ли да ги менувам моите податоци?
Не е дозволено изменување на видео записот за видеонадзор.
- Може ли да побарам ограничување на обработката на моите податоци?
Вие имате право да ја ограничите обработката на Вашите лични податоци во секое време со испраќање на барање на е – маил адреса mpavlovska@te-to.com.mk или на адреса на Контролорот ул.Тодор Александров бр.8, Скопје, кога ја оспорувате точноста на Вашите лични податоци или кога на Контролорот повеќе не му се потребни податоците за остварување на целите на обработка. Вие можете и да ја ограничите обработката на личните податоци и кога обработката е незаконски извршена, а сепак Вие се спротивставувате на бришењето на личните податоци.
Сепак, ограничувањето на обработката на Вашите лични податоци не е можно во случај на службена истрага.
- Дали можам да ги избришам моите податоци?
Вие имате право да ги избришете вашите податоци во секое време со испраќање на барање на е – маил адреса mpavlovska@te-to.com.mk или на адреса на Контролорот, ул. Тодор Александров бр.8, Скопје, кога обработката е незаконска.
- Дали се споделуваат моите лични податоци со други лица?
Вашите податоци се чуваат кај Контролорот, освен ако не побарате од Контролорот или пак дадете согласност истите да бидат споделени. Во случај на споделување на Вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.
- Дали имам право на приговор?
Да, имате право на приговор и да се спротивставите на обработката во кое било време со испраќање на барање на на е – маил адреса mpavlovska@te-to.com.mk или на адреса на Контролорот, ул. Тодор Александров бр.8, Скопје, кога имате легитимни причини во врска со вашата конкретна ситуација. Контролорот ќе постапи по Вашето барање во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.
- Што можам да направам во случај на проблем?
а) Првиот чекор е да го известите Контролорот со испраќање е – пошта до е – маил адреса te-to@te-to.com.mk или на адреса на Контролорот, ул. Тодор Александров бр.8, Скопје,
б) Вториот чекор, ако не добиете одговор од нас или ако не сте задоволни од тоа, контактирајте со нашиот Офицер за заштита на лични податоци на е – маил адреса mpavlovska@te-to.com.mk,
в) Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, која ќе постапи по Вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки.
- Кога ќе започне обработката на моите лични податоци преку системот за видеонадзор?
Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите просториите на Контролорот.
- Безбедност на личните податоци
Контролорот е посветен за заштита на Вашите лични податоци. Затоа, користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат Вашите лични податоци пред се од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме Вашите податоци на комјутерски системи со ограничен пристап и во контролирана околина.
- Колку долго ги чуваме Вашите податоци?
Снимките направени при вршење на видео надзорот се чуваат се до исполнување на целта за која се врши видеонадзорот, но не подолго од 15 дена. По истекот на овој рок снимките автоматски се бришат од системот на видео надзор.
Снимките од видео надзорот може да се чуваат подолг временски период ако чувањето е согласно закон во кој се содржани заштитни мерки и други мерки за заштита на правата и слободите на субјектите на личните податоци, но не подолго од исполнувањето на целта. Исто така, снимките може да се чуваат подолг временски период кога тоа потребно за остварување на легитимниот интерес на Контролорот при водење на соодветни постапки согласно Закон.