Награда од Trade Finance Magazine


TRADE FINANCE MAGAZINE е водечки светски магазин во областа на меѓународниот финансиски пазар.

Магазинот TRADE FINANCE MAGAZINE, еднаш годишно доделува награда за зделка на годината на проект кој претставува одраз на иновативноста во финансиското работење и чија реализација е резултат на значителните постигнувања на полето на финансискиот пазар.

Проектот ТЕ-ТО како најголема приватна инвестиција во Република Северна Македонија и како прв приватен и пазарно ориентиран проект во Македонскиот енергетски сектор вреден повеќе од 167 милиони евра веднаш беше оквалификуван како автентичен и оригинално осмислен финансиски проект, заради што тимот на TRADE FINANCE MAGAZINE одлучи од сите пријавени проекти наградата за зделка на годината за 2007 да му ја додели на ТЕ-ТО, Скопје, Р. Северна Македонија.