ТЕ-ТО АД Скопје е во напредна фаза на имплементација на барањата на стандардот за квалитет ISO 9001:2015. Изработени се процедури, упатства и формулари, идентификувани се KPI и ризиците за главните процеси. Секојдневното работење базира на барањата на Стандардот ISO 9001:2015.
Имплементацијата на системот за квалитет ISO 9001:2015 се очекува да придонесе за:
- намалување на трошоците преку подобрени системи и процеси
- зголемување на задоволството кај клиентите преку подобрена сигурност и квалитет
- пристап до нови пазари, преку осигурување на компететивност на услугите
- намалување на влијанијата врз животната средина
До крајот на 2017, се очекува ТЕ-ТО АД да биде сертифициран согласно ISO 9001:2015.