Историјат


ТЕ-ТО АД е акционерско друштво кое е основано во 2005 година од странски и домашни инвеститори. Oсновна дејност на компанијата ТЕ-ТО АД Скопје е когенеративно производство на електрична и топлинска енергија во таканаречен комбиниран циклус. Финалната инспекција на постројката за овластување за производство се изврши во мај 2011 година, додека лиценцата за производство на електрична и топлинска енергија е издадена на 24-ти февруари 2012 година, кога постројката започна со комерцијално работење.

Постројката е изградена од страна на меѓународниот конзорциум составен од GAMA Power Systems (Турција) и Alstom Ltd (Швајцарија) врз основа на договор за реализација на проектот по принципот клуч на рака, и во чии раце беа целокупниот инженеринг, набавки и градба на постројка, притоа следејќи ги домашните и меѓународните стандарди.