
Согласно постоечкиот договор за набавка на природен гас кој ТЕ-ТО го има со важност до 31.01.2022, производната цена на електричната енергија од неговата постројка, со вклучен трошок за произведена но ненаплатена топлинска енергија изнесува 270 EUR/MWh без вклучен ДДВ.
Во случај на наплата на топлинската енергија, производната цена на електричната енергија од ТЕ-ТО изнесува 251 EUR/MWh без вклучен ДДВ.
Продажба на електрична енергија под производната цена означува работење во загуба на ТЕ-ТО.
Притоа, напоменуваме дека испораката на топлинска енергија од ТЕ-ТО само делумно го решава проблемот на БЕГ АД. За комплетно решавање на проблемот е неопходно дополнително финансирање на БЕГ АД.