ТЕ-ТО АД Скопје успешно ја заврши првата Ц Инспекција на гасната турбина



ТЕ-ТО АД Скопје на 21.05.2021 успешно ја заврши првата Ц Инспекција на гасната турбина, тип GT13E2, производство на GE Power, што претставува капитална инвестиција за ваков тип на електрани.
Во следните неколку денови ќе се тестира работата на целата постројка, во различни режими на работа, со цел да се оптимизираат параметрите на сите системи со што ќе се овозможи и понатаму доверливо снабдување со електрична енергија и топлина на локалниот и регионалниот пазар.
Тестовите според планот треба да завршат на 27.05.2021 и потоа електраната треба да продолжи со комерцијална работа.